Предавање за практиката на кураторскиот колектив What, How & for Whom/WHW
Музејот на современа уметност заедно со Проектниот простор „Прес ту егзит“ вечер од 20 часот во МСУ организираат предавање на Сабина Саболовиќ, на кој таа ќе ја претстави практиката на кураторски колектив од кој и самата е дел - What, How & for Whom/WHW - кој се занимава со континуирана реконфигурација на односите на уметничката и културна продукција со поимите на историјата и политиката.
Презентацијата ќе се фокусира на нивниот најнов проект насловен „Моето слатко мало јагне (сè што гледаме може да биде и поинаку)", ко-куриран со Катрин Ромберг. Насловен по делото на хрватскиот уметник Младен Стилиновиќ (1947-2016), проектот е инспириран од неговиот постојан антисистематски уметнички пристап во потрага по автономни начини на уметничкото создавање.
- Базиран врз Колекцијата Kontakt Art од Виена, која вклучува антологиски дела на уметници од Централна, Источна и Југоисточна Европа од 1960 година до денес, проектот ги спротивставува канонските дела од колекцијата со намера да адресира и одново да формулира некои од постојано актуелните теми присутни низ делата во колекцијата, како што се радикалниот утопизам, фигурата на уметник дисидент, прашањата за родот, политичките субјективитети и ангажираното делување, и статусот на јавниот простор, соопшти МСУ.
Кураторскиот колектив What, How & for Whom/WHW е формиран во 1999 година со седиште во Загреб и Берлин. Организира продукциски, изложбени и издавачки проекти, и е вклучен во долгорочни колаборативни платформи и културни политики.
Ново на Сител
-
Бугарското Собрание усвои резолуција во врска со напредокот на земјава во ЕУ
-
140 луѓе во тетовската болница не зеле плата 2 месеца
-
Град во источна Германија нуди 14 дена бесплатен престој и можности за работа
-
Поплави во Романија се закануваат да го загрозат еден од најголемите европски рудници за сол
-
Црна Гора: Потврден случај на лептоспироза во Бијело Поље
-
Приведен 45-годишник, ја вознемирувал и навредувал поранешната партнерка
-
Истрагата за трагедијата во „Пулс“ заврши, испрашани 400 сведоци, 46 се осомничени
-
СДСМ: Селективност за перење на Христовски, зошто Обвинителството не побарало одговор до ETS?