Пратениците ја поправија грешката, го усвоија Извештајот на Народниот правобранител
Собранието на Република Македонија попладнево го прифати Извештајот на Комисијата за политички систем за спроведување на препораките за надминување на констатираните состојби содржани во Извештајот на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2016 година.
Со ова, според координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев, се поправа грешката со неусвојувањето на Извештајот направена на претходната седница, како што рече, поради недоволна координација на пратеничките групи и на претседателот на Парламентот Талат Џафери.
Тунтев информира дека тоа е направено во договор на четирите најголеми политички парламентарни партии. Пред да се најде на дневен ред на денешната седница за него вчера расправала Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, но како нејзин Извештај за препораки кои произледуваат од состојбите констатирани во Извештајот на Народниот правобранител.
- Нашата определба за унапредување на човековите права и слободи за унапредување на демократијата во земјава, за воведување на нови европски стандарди во сите сфери во општеството ниту била, ниту е, ниту ќе биде доведена во прашање. Сите институции - невладини организации, граѓански здруженија, граѓаните како поединци од нас како пратеничка група и како владејачко мнозинство секогаш ќе ја имаат нашата безрезервна поддршка кога е во прашање потребата за унапредување на човековите слободи и права и на демократските процеси воопшто, рече Тунтев.
На ваков начин, како што рече, ќе се овозможи спроведувањето на клучните реформи во државата коишто ќе значат унапредување на демократските процеси во земјата и вистински напредок во сферата на демократијата.
Собранието на Република Македонија претходно, попладнево, ги верификуваше мандатите на пратениците Костадин Ацевски и Агим Муртезанов.
Ново на Сител
-
Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата
-
Тони Надал: Рафа живеe нормално, а Ѓоковиќ е најдобар во историјата затоа што не живее нормален живот
-
Приведени двајца дилери од Прилеп, пронајдена дрога и пушка
-
СПМ: На 8 мај народот ќе ја определи својата иднина и иднината на државата
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350