Пратеничката Мектиернан ја повика Австралија да ја признае Македонија под уставното име
Австралиската пратеничка Алана Мектиернан ја повика австралиската Влада да ја признае Македонија под уставното име. Мектиернан, која минатата недела беше во посета на Македонија, вели дека Австралија треба да им се придружи на своите сојузнички држави во признавањето на македонското уставно име.
- Грчката Влада водеше една навистина византиска кампања за да ја принуди малата држава да прифати апсурдно име - поранешна југословенска Република Македонија и ги нарекува нејзините граѓани Фиромјани. Грција инвестираше огромен капитал за да го задржи ветото за македонскиот прием во Европската Унија и во НАТО во изминатите 20 години. Од друга страна, оваа мала држава со два милиони жители се бори да го модернизира своето мултиетничко население и да создаде работни места за да ја намали стапката на невработеност од 28 проценти. Австралија би требала да внесе доза здрав разум во оваа ситуација, и да ја признае државата како Република Македонија - слично на САД, Британија и Европската Унија. Ние не треба да правиме избор меѓу интересите на грчките и македонските Австралијци - и едните и другите се длабоко вткаени во австралиската нација. Но, не е во ничиј интерес ако оваа мала држава се распадне. Јас ја имав честа да се сретнам со претседателот Ѓорге Иванов и со повеќе високи македонски политичари - тие се умни, добро образувани и работат напорно да ја модернизираат својата економија. Но, притоа мораат да работат со една рака врзана зад грб, изјави Мектиернан пред австралискиот Парламент.
Пратеничката од Перт се сретна со претседателот Иванов, министерката Марта Арсовска Томовска, потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски и други македонски претствници за време на својата посета на Македонија. Во своето кусо обраќање, таа додаде дека Македонија и Грција се економски поврзани, и покрај спорот со името, но грчкото упорно блокирање на постоењето на Македонија како независна држава може да има сериозни последици за целиот регион. Грчката заедница во Австралија има вложено сериозен притисок врз австралиските власти да го попречи признавањето на Македонија под уставното име.
Ново на Сител
-
Шајнбаум: Го отфрлив предлогот на Трамп за испраќање американски трупи во Мексико
-
Мисајловски: Делчев не беше само водач, туку и инспирација за сите генерации кои се борат за правда и иднина на Македонија
-
СИЕПС: Приемот на нови членки ќе го промени односот на силите во ЕУ
-
Мицкоски: Славата и делото на Гоце Делчев продолжуваат да живеат
-
И месарниците под лупа на инспекторите на АХВ
-
Четириесет и пет години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Почнува одбележувањето на Денот на Европа - 9 мај
-
Зеленски: Украина е подготвена да премине кон прекин на огнот што е можно поскоро доколку Русија преземе слични чекори