Џет-Сет
29. September 2017 - 10:47

Познатата американска актерка објави дека има рак на дојките

Американската глумица Џулија Луис-Драјфус вчера и соопшти на јавноста дека боледува од рак на дојките.

- Една од осум жени добиваат рак. Денес јас сум таа, напиша таа на Твитер.

- Добра вест е тоа дека ја имам најдобрата „група за поддршка“ во семејството, пријателите кои се грижат. Лошата вест е дека не сите жени се толку среќни, па така, ајде да се бориме против сите видови рак и да ја направиме општата здравствена заштита, повика таа.

Актерката инаку, месецов ја освои 11-та Еми награда за улогата на Селена Маерс во комедијата „Veep“.