Познатата актерка во паника, уценета со порно снимка за 500.000 долари
Актерката Миша Бартон повторно се најде во центарот на вниманието на таблоидите, откако во јавноста протече информација дека засега непознат маж ја уценува со објавување на видео на кое е снимено како таа има сексуален однос.
Уценувачот бара од актерката да му исплати 500.000 долари за да не го објави видеото, за кое наводно биле заинтересирани неколку порно сајтови.
- Ова е последно нешто што на Миша и треба сега во животот, изјави еден нејзин пријател.
Пред неколку месеци Миша беше главна тема во таблоидите кога беше објавена видео снимка на која таа од балконот на својот дом им зборуваше бесмислици на соседите и ги навредуваше. По ова таа беше хоспитализирана, при што беше соопштено дека немала нервен слом, туку дека била под дејство на наркотици.
- Бев во болница за да побарам стручна помош, затоа што некој ми ставил дрога за силување во пијалакот. По прегледот сум дома и добро се чуствувам изјави тогаш Бартон за магазинот „Пипл“.
Ново на Сител
-
Не помина ниту третиот кандидат за претседател на Уставниот суд
-
Венко Филипче влегува во трката за нов лидер на СДСМ
-
Двајцата пратеници на НСДП во Собранието ќе делуваат опозициски
-
Со МЗШВ до изборот на нов министер ќе раководи заменик министерката Вјолца Бериша
-
Павловска Данева ја повлече кандидатурата за претседател на Уставен, Васиќ Бозаџиева не го доби потребното мнозинство
-
Санкционирани 185 возачи на мотоцикли
-
ДС: Реорганизација на министерствата
-
Приведен разбојник во Гостивар за издржување шестгодишна затворска казна