Познат идентитетот на загинатите кај Росоман, МВР со детали
Во Полициската станица Кавадарци,утрово околу 6:30 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Росоман, кај место викано „Камен Дол“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило марка „фиат добло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(55) од Прилеп и патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(61) од Свети Николе.
Малку подоцна, на истото место, патничко возило „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(55) од Свети Николе, удрило во комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(52) од Скопје, кое претходно излегло од коловозот за да ги избегне двете возилата кои учествувале во несреќата.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Ѓ. и сопатничката во возилото „голф“, С.С.(55) од Свети Николе. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Со тешки телесни повреди се здобиле возачите Љ.С. и С.С., како и сопатничка во возилото „матиз“, О.С.(54) од Свети Николе кои биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на несреќата изврши Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кавадарци.
Ново на Сител
-
Од четврток дожд, грмежи и ветер
-
СДСМ: 100 дена изговори
-
ВО ЖИВО: Прес-конференција на премиерот Мицкоски
-
Токсини од стафилокока во бомбиците причина за труењето на 140 деца во ОУ „Ѓорѓија Пулевски“
-
Трендафилов: Нечовечки е да се зема плата од 22.567 денари
-
Намален бројот на студенти, покажува истражувањето на ЦГК
-
Вработени на патарина „Романовце“ не наплаќале на полицaјци | ВИДЕО
-
Гола статуа на Доналд Трамп поставена кај Лас Вегас