Позитивни речиси 38 отсто од тестираните, активни 20.856 случаи на Ковид-19
Нови 2341 случај на коронавирусот се регстрирани во претходното деноноќие што е речиси 38 отсто од вкупно тестираните 6.193 лица. Во моментов активни се 20.856 случаи на КОВИД-19, најмногу во Скопје – 11.390, потоа во Битола – 1613 и Прилеп – 754. Најмал број активни случаи се забележани во Дебар – 22 и Дојран – 14.
Од Министерството за здравство во изјава за МИА информираа дека на инфективните одделенија и во ковид – центрите во државава се хоспитализирани вкупно 576 пациенти со КОВИД-19 и има 183 слободни кревети. Во ковид – центрите во Скопје вкупно се хоспитализирани 174 пациенти од кои 71 на Клиниката за инфективни болести, 75 во ГОБ „8 Септември“ и 28 на Клиниката за белодробни заболувања ТБЦ.
На последната седница на главниот координативен кризен штаб беше усвоена препораката на Комисијата за заразни болести за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР-тест од десет на седум дена. Оваа препорака е донесена поради полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот. Кризниот штаб ја достави препораката до Владата и за неа треба да се дискутира на следната владина седница.
Од почетокот на вакцинацијата против коронавирусот во Северна Македонија, вкупно се вакцинирани 864.759 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19 во државата и странство. Податоците од Институтот за јавно здравје покажуваат дека комплетно вакцинирани со две дози се вкупно 841.143 лица, а со трета доза се вакцинирани 122.752 лица.
Ново на Сител
-
Пропаднаа два обиди да се избере претседател на Уставниот суд
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено
-
Хорор во Белград: Го извадил черепот на татко си од гробница и го чувал во плакарот
-
Кремљ: НАТО ја провоцира Украина да го продолжи конфликтот
-
Спречен шверц на поголема количина производи за широка потрошувачка од Косово кон Македонија
-
ДУИ: Волјата на албанскиот народ не е играчка што припаѓа на ВМРО-ДПНЕ
-
Груевски: Откако СДСМ ги загуби изборите монструмот Добрила Кацарска во обид да се прикаже како жртва