Пожарникари од Велес на помош на настраданите од земјотресот во Турција
Пожарникарите Димче Јованов, Кире Диковски, Александар Јолдашев, Рамадан Адилов и Роберто Шакиров се петтемина избрани од ТППЕ Велес кои попладнево ќе се упатат кон Република Турција да го дадат својот придонес за справување со последиците од катастрофалниот земјотрес.
Со едно возило и потребната опрема за заштита и спасување овие пожарникари во наредниот период ќе дадат дополнителна помош на пријателскиот турски народ, информираат од Општина Велес.
Како што изјави за МИА, пожарникарот и командир на ТППЕ Велес, Димче Јованов тие се горди што се избрани меѓу своите колеги за помош и спасување на човечки животи.
- Еве забрзано се подготвуваме и сме горди што во оваа голема несреќа и ние одиме на помош кај братскиот народ во Турција. Сите сме физички подготвени и обучени низ секојдневната работа и ќе ги дадеме сите свои сили, знаење и умешности за да спасиме човечки животи, потенцира Јованов.
Тие пред поаѓање денеска се сретнаа со тимот на Општина Велес и градоначалникот Марко Колев кој им посака успешна хуманитарна мисија и повторно враќање здрави и живи во Велес.
Инаку, како што информираат за МИА од кабинетот на градоначалникот, вечерва во 18 часот Советот на Општина Велес ќе одржи вонредна седница на која ќе се разговара за давање на парична и материјална помош на настраданите од разорниот земјотрес во Р. Турција.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден