-->
-->
Пожар во грчка православна црква во Мелбурн
-->
Пожар избувна во грчката православна црква „Благовештение“ во источниот дел на австралискиот град Мелбурн, јави ТАСС.
Огнот е забележан вчера попладне по локално време кога црквата била празна. За среќа пожарникарите се наоѓале на неколку стотина метри од црквата и тие успеале веднаш да го изгаснат пожарот.
Причините за пожарот засега не се познати. Во тек е истрага за расветлување на случајот.
Ова е втор пожар во православна црква во Австралија во текот на изминатото деноноќие. Пожар претходно целосно ја уништи македонската црква „Воскресение Христово“ во Сиднеј. Причините за тој пожар исто така се непознати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори