Пожар меѓу три села во општините Карбинци и Пробиштип
Доцна синоќа гореше сува трева и ниско стеблеста шума во атарите на селата Горни Балван, Крупиште и Пишица. Зафатени беа повеќе ридови, а оган и чад може да се види и од повисоките делови на градот Штип.
Командирот на Противпожарната единица во Штип, Тони Атанасов рече дека на терен се сите пожарникари, огнот се гасне со рачни пумпи и метли, бидејќи станува збор за непристапен терен.
Противпожарните возила не можеа да пристапат кон теренот кој е зафтен. Во гаснењето на пожарот се вклучени и пожарникари од Пробиштип и Кочани. Засега не постои опасност за доближување на огнените јазици до некое од населените места, а пожарникарите имаат пунктови покрај овие три села за да се интервенира доколку се доближи огнот.
Атанасов вели дека станува збор за голема површина, но во моментов не може да се даде точна проценка за колку хектари се работи.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена