-->
-->
Повторно штрајк на германските машиновозачи за зголемување на платите
-->
Голем број машиновозачи во Германија денеска стапија во штрајк, вторпат овој месец, барајќи зголемување на платата. Синдикатот на машиновозачите на германската железница Дојче Бан повика на штрајк што започна ноќеска во 2.00 часот и кој треба да трае до среда во 2.00 часот.
Синдикатот бара зголемување на платата за 3,2 проценти и еднократен „корона бонус“ од 600 евра.
Дојче Бан вчера најави дека е подготвена да преговара за бонус за оваа година и ги повика претставниците на синдикатот да се вратат на преговарачката маса.
Понудата на железницата не беше прецизирана, а синдикатот одлучи да продолжи со планираниот штрајк.
Околу една четвртина од возовите во меѓународниот сообраќај денеска сообраќаат низ Германија, како и околу 40 отсто од регионалните возови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори