-->
-->
Повторно штрајк на француските железничари
-->
Француските железничари денеска повторно штрајкуваат против реформите на операторот СНЦФ, додека француската Влада е одлучна и покрај штрајкот, да ги спроведе реформите до крај.
Иако многу возови денеска останаа на станиците, францускиот премиер Едуар Филип истакна дека „сите треба да знаат дека Владата е одлучна да оди до крај“.
Железничарите протестираат поради најавената реформа на СНЦФ, кој поради финансиски проблеми треба да премине во акционарско друштво, што противниците на реформите го сметаат за прв чекор кон приватизација.
Реорганизацијата внатре во железницата и крај за привилегираниот статус на некои вработени, се дел од реформите кои ги вети францускиот претседател Емануел Макрон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ревизорите утврдија низа неправилности во работењето на Бирото за развој на образованието
-
Судот одлучи – ниту 2 милиони евра нема да го спасат Јахоски од притвор
-
Тема на денот со Зоран Љутков, министер за култура
-
Нотарка дискриминирала слепо лице: „Ти си неписмен откаде знаеш што потпишуваш“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството отвори истрага за токсичната пепел од РЕК Битола
-
Привршува судењето за модуларната болница во Тетово
-
По 1 мај средба Мицкоски - Таравари