Трамп вели дека има право да депортира мигранти без судење
Американската влада ги обвинува спорните Венецуелци дека се членови на криминалната организација Трен де Арагуа и требало да ги депортира користејќи го Законот за странски непријатели од 1798 година, контроверзен и претходно ретко користен закон кој му дозволува на претседателот да депортира странци за време на војна или инвазија.
Врховниот суд во саботата ѝ наложи на владата „да не отстранува ниту еден член од наводната класа на притвореници од САД до понатамошна наредба на овој суд“ по итна жалба на Американската унија за граѓански слободи, која тврди дека на поединците не им е овозможена соодветна судска постапка.
Трамп вчера рече дека се надева дека „ќе добие соработка од судовите“ за да ги депортира „илјадниците луѓе кои се подготвени да излезат надвор“, тврдејќи дека „не може да има судење за сите овие луѓе“.
Американскиот претседател ги повтори неоснованите тврдења дека земјите, вклучително и Венецуела, „ги празнат своите затвори во САД“.
- Добиваме многу лоши луѓе, убијци, убијци, дилери на дрога, навистина лоши луѓе, ментално болни, ментално луди, рече тој во одговор на новинарско прашање по церемонијата на полагање заклетва на новиот претседател на Комисијата за хартии од вредност, Пол Аткинс, во Овалната соба.
- Ние ги вадиме, а судијата не може да каже не, мора да имате судење … судењето ќе трае две години … ќе имаме многу опасна земја ако не ни биде дозволено да го правиме она што ни следува, рече Трамп.
Трамп следи тврд став за имиграцијата откако ја презеде функцијата во јануари, пренесе ДПА.
Минатиот месец, американските власти депортираа повеќе од 200 Венецуелци и десетици Салвадорци во озлогласениот високобезбедносен затвор Цецот во Ел Салвадор.
Трамп во мај ќе патува во Саудиска Арабија, Катар и ОАЕ
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе ги посети Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) од 13 до 16 мај, изјави синоќа портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.
Таа рече и дека Трамп ќе отпатува во Италија на само еден ден на погребот на папата Франциск.
„Претседателот ќе замине од Вашингтон во петок наутро и ќе се врати во сабота навечер“, посочи Левит.
Трамп изјави дека ќе биде придружуван од сопругата Меланија. Портпаролката не даде дополнителни детали за маршрутата во Италија.
Патувањето во Саудиска Арабија, Катар и ОАЕ долго време беше на агендата на Трамп, но датумот не беше одреден.
Ново на Сител
-
Расчистен случајот кога двајца браќа беа повредени при обид да разделат лица во тепачка пред фитнес клуб во Чаир
-
Приведен 46-годишник од Гевгелија, при претрес во неговиот дом пронајдена е дрога
-
Руте: Мора да ги зголемиме одбранбените трошоци за да можеме да се браниме
-
180 сообраќајни прекршоци вчера во Скопје, 15 санкционирани возачи на мотоцикл
-
Ким Џонг Ун се сретна со Шојгу, вети безусловна поддршка за Русија
-
Ѓоковиќ го победи Зверев и се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос
-
Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации
-
Дешан се потпира на играчите на ПСЖ, го поддржува Дембеле за Златната топка