Повторно одложена амандманската расправа за Предлог-деловникот на Собранието
Амандманската расправа за Предлог-деловникот на Собранието на Комисијата за деловничко мандатно-имунитетни прашања е одложена за 16 часот.
Пратениците од Левица за МИА информираат дека разговорите со спикерот на Собранието Талат Џафери се во тек. За Предлог-деловникот тие поднесоа околу 1850 амандани, а други амандмани има и од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.
Консултациите помеѓу пратеничките групи и пратениците на Левица за амандамните почнаа во четвртокот, а за нив се разговара и во текот на денешниот ден. Иако е одложена седницата, од Собранието велат дека е неизвесно дали до крајот на денот воопшто ќе почне седницата на Комисијата за деловничко и мандатно - имунитетни прашања.
Левица, и понатаму не открива зошто се поднесени амандмани во толкав број, но клучни се оние, како што велат, за филибастерингот, за двојазичноста во Собранието и за верификацијата на мандатите.
Претседателот на Собранието Џафери претходно на брифинг со новинарите изрази очекување дека новиот Деловник ќе биде донесен со консензус и оти најверојатно ќе биде ставен на дневен ред на новата седница закажана на 2 ноември.
Деловникот ќе се применува од почетокот на новиот собраниски мандат. Првпат по него ќе постапува актуелниот претседател на Собранието Џафери со свикување на конститутивната седница на следниот парламентарен состав. Новина е тоа дека таа седница нема да може да трае повеќе од три дена.
Новиот Предлог - деловник на Собранието е резултат на петгодишни разговори меѓу пратеничките групи од овој и минатиот мандат коишто започнаа во рамки на Жан Моне процесот со посредство на неколкумина европратеници.
Ново на Сител
-
Мендух Тачи и официјално надвор од Европскиот фронт, ДУИ сè уште го бројат за нивен
-
Муртезани: Се бара ново решение за спорот со Бугарија со претставници од ЕУ, ќе биде обелоденето по бугарските избори
-
Лидерите од регионот порачаа: Европската унија не е целосна без Западен Балкан
-
Македонија се задолжи 500 милиони евра во Унгарија
-
Дурмиши: Без ограничени маржи, храната ќе се продаваше поскапо
-
Македонија е на петто место во Европа по иселувањето на високообразовен кадар
-
ДСЗИ заврши, на ред е стручната комисија – Дали има лекарски пропуст во третманот на 14 месечното бебе кое почина на Детска?
-
Забрана за пиење на водата во Василево