Повторно несогласувања меѓу Рама и Баша за изборната реформа
Во Албанија продолжуваат несогласувањата околу изборната реформа,меѓу владејачкото мнознство и вонпарламентарната опозиција, откако социјалистите по постигнатиот договор на петти јуни, побара уставни измени со кои со новиот изборен законик се укинуваат изборни коалиции.
Околу овие измени договор синоќа постигнаа пратенците од власта и парламентарната опозиција,на средба со премиерот Еди Рама, што следуваше по неговата средба со американската амбасадорка Јури Ким.
Со тоа, како што изјави Рама, обезбедени се 84 гласови кои се потребни за изгласување на изборната реформа,што е еден од 15-те услови за почеток на преговорите со ЕУ,на што пак остро се спротивставуваат од вонпарламентарната опозиција.
Во заедничката изјава за медиумите, обединетата опозицијата оценува дека „едностран уставен амандман со кој се забрануваат изборни коалиции е во спротивност со двата политички договори за изборите, од 14-ти јануари и оној на 5 јуни.
„Ова е доказ за дијаболичкиот план на Еди Рама, првично да се одобри договорот од 5 јуни, да се исмеваат нашите стратешки партнери, САД и ЕУ и само една недела подоцна да се укине договорот со еднострани уставни измени, кои
забрануваат коалиции како изборен субјект, стои меѓу другото во заедничката реакција на обединетата опозиција.
Во меѓувреме премиерот Рама преку објава на Твитер ја повика опозицијата да не ја бојкотира денешната попладневна седница на Политичкиот совет задолжен за изборните реформи и да се приклучи„во трипатитниот дијалог“.
„Денеска во 17:00 часот ќе се состане Политичкиот совет. Го повторувам апелот за вонпарламентарна опозиција да не го бојкотира Политичкиот совет и да го продолжи трипартитниот дијалог заедно со парламентарната опозиција, за уставните новини, напиша Рама на Твитер.
За возрат на уставните измени парламентарната опозиција се избори за отворени кандидатски листи на изборите. Малцинствата и овој пат извисија со барањето со новиот изборен законик да се гарантираат пратенички места за нив.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово