Повторно истекува гориво од ракетата што треба да биде лансирана кон Месечината
Инженерите на НАСА се обидуваат да го санираат истекувањето на гориво од новата ракета, што денеска треба да биде лансирана од космодромот Кејп Каневерал кон Месечината.
Тоа е втор обид за лансирање на ракетата. НАСА има околу два часа поволни услови за лансирање. На 29 август беше стопирано лансирањето поради проблеми со сензор на моторите и истекување на гориво. Тоа ќе беше првиот лет во програмата на НАСА за истражување на Месечината во 21 век, наречена Артемида по митолошката сестра близначка на Аполон.
Сега нема астронаути во капсулата Орион, која би требало да ја носи ракетата, но наместо тоа има тест-кукли, опремени со сензори за мерење на вибрации, вселенско зрачење и други услови. Под претпоставка да биде успешен пробниот лет со куклите, во 2024 година е планирано во вториот лет околу Месечината да има и астронаути.
Во третата фаза е планирано слетување на Месечината и според сегашните проекции тоа би требало да биде во 2025 година.
Ново на Сител
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ
-
Нови несогласувања помеѓу лекари и директорката на клиниката за деца „Козле“
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени