Македонија
24. February 2023 - 11:52

Повторно дојави за бомби во 16 училишта во Скопје

Продолжуваат дојавите за наводно поставени бомби низ скопските училишта, па така утрово пристигнале закани на електронските адреси на 16 училишта.

Утрово во 09.30 часот пристигнала закана до 16 училишта, по што полициски службеници се излезени на терен и се евакуираат учениците.

Исто така, ќе се извршат и антитерористички проверки, по што се очекува соопштение од МВР.