Повремени прекини на сообраќајот на патот Кичево-Охрид
На патниот правец Кичево-Охрид, делницата Пресека-Песочан денеска во периодот од 12:00 до 15:00часот ќе има повремени прекини во сообраќајот во двата правца поради минирања што ќе ги врши Илинден АД Струга, информира АМСМ.
Повремените прекини ќе бидат во времетраење од 15 до 20 минути.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските изутринава средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ