-->
-->
Повреденото дете итно пренесено на Ургентен
-->

Во текот на вчерашниот ден во 17 часот и 30 минути во Полицијата во Крушево, 30-годишниот И.И. од селото Алданци-Крушево, пријавил дека на влезот на селото, на месноста викана Алданечки ливади имало повредено дете.
Полицијата информира дека се работи за 10 годишно дете од Прилеп кое со семејството престојувало во селото. Детето лежело покрај реката и било во свесна состојба, а според зборовите на неговата мајка П.М. детето паднало од метален столб од далековод под висок напон, но бидејќи истата мислела дека се работи за струен удар, го однела до реката, каде го измачкала со кал.
Со возило на итна медицинска помош, детето било пренесено во Општа Болница-Прилеп, каде дежурниот лекар изјавил дека детето било во контактибилна состојба, но поради крварење во мозокот од помал обем ќе биде пренесено во Ургентен Центар-Скопје.
За настанот е запознат јавен обвинител.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нова акција на МВР: Се разбива мрежа за нелегални престои на странски државјани
-
25-годишен мотоциклист почина по сообраќајка во Чаир
-
Европските лидери го осудија убиството пред Еврејскиот музеј во Вашингтон
-
2023 сообраќајни прекршоци изминатите три дена, 362 за брзо возење
-
Во Велес синоќа се запали куќа од удар на гром, повредени нема
-
Манчестер јунајтед претрпе 20 порази во една сезона за прв пат по 50 години
-
Вардар го освои Купот на Македонија
-
Каја Калас: Враќање на Западниот Балкан