Повредените во автобуската несреќа ќе бидат префрлени до границата со Србија, возачот останува во притвор
Повредени од несреќата со српски автобус во Бугарија на автопатот Тракија, денеска со две екипи на Центарот за итна медицинска помош од Стара Загора ќе бидат пренесени до граничниот премин Калотина. Тоа го соопшти бугарското Министерство за здравство.
Пациентите кои ќе бидат транспортирани се во подобрена општа состојба. Организирано е тие да бидат преземени од српски медицински тимови по преминувањето на границата.
Во болницата во Стара Загорје останува еден возрасен, а се очекува за неколку дена да биде префрлен во Србија.
Во притвор останува возачот на автобусот што излета од патот.
Против него е поднесена кривична пријава за прекршување на правилата на патниот сообраќај и ненамерно предизвикување сообраќајна незгода додека возел автобус на 14 август на автопатот Тракија во околината на Стара Загора. Со ова возачот нанел телесна повреда на 12 деца на возраст од шест до 16 години и на 40-годишен маж, како и тешка телесна повреда на 42-годишен маж, соопштија од судот во Стара Загора.
Ново на Сител
-
Даути избрана за генерален, а Јајага за организациски секретар на АА
-
Следува период на многу топло време со температури до 40 степени
-
МВР: Постојат основи на сомневање за можниот сторител на убиството во Тетово
-
На Табановце за влез и за излез во земјата се чека половина час
-
Побарани обдукција и снимки од видеонадзор за убиството во Тетово
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Поскапуваат патарините во Србија
-
Возило со 12 кг марихуана од Македонија влегло во Србија