Повисоки цените на производителите на индустриски производи
Продажните цени на производителите на индустриски производи,вкупно во јануари годинава се повисоки за 0,4 отсто на месечно ниво, а за 2,8 отсто на годишно ниво.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторите рударство и вадење на камен за 4,0 отсто и преработувачка индустрија за 0,1, а во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 0,8 отсто.
Во споредба со јануари 2017 година, пак, се повисоки во секторите рударство и вадење на камен за 20,2 отсто, преработувачка индустрија за 1,6, а во снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1,8 отсто.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари во јануари годинава се повисоки за 0,4 отсто на месечно ниво, а за 3,4 отсто на годишно ниво.
Во споредба со декември 2017 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се повисоки во секторите рударство и вадење на камен за 3,5 отсто и во преработувачка индустрија за 0,1 отсто. Во однос на јануари 2017 година, се повисоки во секторите рударство и вадење на камен за 32,2 отсто и во преработувачка индустрија за 0,8 отсто.
Ново на Сител
-
Советот за безбедност на ОН повика на брзо формирање влада во Либан
-
Кинескиот вицепремиер Хан Женг ќе присуствува на церемонијата на инаугурација на Трамп
-
Јужнокорејските истражители ќе бараат продолжување на притворот на соборениот претседател Јун
-
Воздушниот простор на Романија нарушен за време на руски напад врз Украина, подигнати два борбени авиони
-
Вашингтон се подготвува за „најстудената инаугурација“ во последните 40 години
-
Нетанјаху: Постигнат договор за враќање на заложниците што ги држеше Хамас во Газа
-
Премиерот Мицкоски ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово - Бељаковце
-
Комисијата за социјална политика, демографија и млади засега без претседател, констатирана оставка на Илире Даути