Повикана Брза Помош во судот, ќе го прегледува Боки 13
Екипа од Брза помош е повикана во судот да утврди дали првообвинетиот во случајот "Рекет" Бојан Јовановски може да го следи денешното рочиште.
На самиот почеток на судењето, адвокатот на Јовановски забележа дека вчера врз неговиот клиент воопшто не бил извршен конзилијарен преглед, како што тоа го побара претседателката на Судечкиот совет. Наместо тим од специјалисти, Боки 13 го прегледал само дежурен лекар чиј наод се уште не е пристигнат во Судот.
Јовановски се пожали дека е под голема количина седативи и дека не бил прегледан во затворот пред да биде донесен во судот.
Судијката Васка Николовска Масевска даде половина час пауза, за да биде извршен преглед врз Боки 13, по што ќе следува одлука дали ќе продолжи денешното рочиште.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив
-
Taблички во боја за службените возила
-
Дигитална лична карта, е-фактури, електронски барања за посебни истражни мерки
-
СДСМ алармира за ризична набавка во МВР