-->
-->
ОН повикаа Иран да не употребува „беспотребна или премногу сила“ врз демонстрантите
-->
Обединетите Нации денеска повикаа Иран да не употребува „беспотребна или премногу сила“ врз демонстрантите, кои се борат за женските права во земјата.
– Сите сме загрижени поради извештаите за пораст на бројот смртни случаи поврзани со протестите, вклучувајќи жени и деца, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик.
Тој побара „брза, непристрасна и ефикасна истрага“ за смртта на 22-годишната Махса Амини, која како што се верува, е убиена од страна на полицијата за морал. Наводно, причината е тоа што не го носела хиџабот правилно.
По нејзината смрт, избувнаа протести во најмалку 46 градови и села во Иран. Според државната телевизија, во конфликтите меѓу полицијата и демонстрантите има најмалку 41 жртва.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори