Повици на УНЕСКО за номинации за наградите за образование на девојки и жени и за популаризација на науката за 2021 година
УНЕСКО ги повикува земјите членки да поднесат свои номинации за наградата за образование на девојки и жени за 2021 година. Целта на наградата, која е воведена во 2015 година, е да им се оддаде признание на индивидуалци, групи или организации кои имаат реализирано проекти во кои е нагласено образованието на девојки и жени.
Кандидатурите, односно образложението за наградата за образование на девојки и жени и формуларот за номинација, се поднесуваат единствено преку перманентните делегации на државите членки во УНЕСКО, и преку онлајн-платформата на УНЕСКО: http://unesco.org/gwe, најдоцна до 26 мај 2021 година.
За навремено доставување на евентуалните кандидатури од нашата земја, потребно е сите заинтересирани предлозите да ги достават до Националната комисија за УНЕСКО во електронска форма, најдоцна до 17 мај 2021 година, со цел да бидат доставени до нашата Перманентна делегација во Париз.
УНЕСКО, исто така, ги поканува државите членки да достават предлози за кандидат за наградата Калинга за популаризација на науката за 2021 година. Информации за процесот на номинација се достапни на линкот: https://en.unesco.org/prizes/
За евентуалниот кандидат од Република Македонија за оваа награда, треба да се информира Националната комисија за УНЕСКО најдоцна до 5 мај 2021 година, со цел да биде испочитуван наведениот термин за доставување на кандидатурата до УНЕСКО – 17 мај 2021 година.
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра