Повеќе скопски села и улици утре без струја
Поради технички зафати во електро - системот, без струја утре од 6 до 8 часот ќе останат корисниците од улицата „Дане Крапчев“ бр. 28 и другите во непосредна близина и Бул. „Партизански Одреди“ со броевите 40, 40а, 42, 42а, 44, 44а, и 46а.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, без електрична енергија од 8:30 до 10:30 часот ќе останат корисниците од улицата „Тодор Чангов“ подулици 41, 43, 45, 49, 51 и 5., од 8:30 до 14:30 часот делови од селата Љубош и Батинци, од 8:30 до 13 часот корисниците од улиците „Димче Мирчев“ бр. 18 ( зграда на Идеа Плус ) и „50 Дивизија“ бр. 36, од 8:30 до 14 часот корисниците од дел од улицата „Метохиска“ и од 8:30 до 15 часот корисниците од улицата „Божин Николов – Силни“ бк/са/10:55
Ново на Сител
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран
-
Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба, апелираат од МНР
-
Човек сам може да направи разлика, но, сите може да направиме историја, порача премиерот Мицкоски
-
Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади, вели висок ирански функционер
-
Мицкоски: Ќе се бориме да донесеме правда и да го урнеме системот на „бандитизам“ создаден од политички и бизнис структури
-
Бела куќа: Администрацијата на Трамп очекуваше иранска одмазда
-
Цените на нафтата паднаа за 5 отсто по нападот на Иран врз американската воена база
-
ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран