Повеќе од 100.000 Авганистанци го напуштија Пакистан поради нов бран депортации
Над 127.000 Авганистанци се вратиле во својата земја од почетокот на месецот, откако Пакистан започна нов бран присилни депортации.
Според Високиот комесаријат на ОН за бегалци, мнозинството од нив ја напуштиле земјата доброволно, поради страв од апсење и присилно враќање, додека околу 26.000 биле депортирани.
По истекот на рокот за доброволно напуштање на крајот на март, властите почнаа апсења на бегалци и нивно префрлање во центри за депортација. Пакистан планира долгорочно да протера околу три милиони Авганистанци.
Многумина од нив изразуваат болка и несигурност. „Пакистан беше мојот дом, тука сум роден“, вели Мохамед Разул, глава на семејство на граничниот премин Торкам.
Од враќањето на талибанците на власт во 2021 година, десетици илјади Авганистанци побегнаа во Пакистан. Сега, според „Амнести интернешнл“, тие се соочуваат со сериозен ризик – особено жени, девојчиња, новинари, уметници, поранешни државни службеници и активисти.
Организацијата бара од Пакистан да ја промени политиката на присилно враќање, нагласувајќи дека некои мерки можат да бидат и притисок врз талибанскиот режим, кого Исламабад го обвинува за засолништа на милитанти – обвиненија што Кабул ги негира.
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје