Повеќе лесно повредени лица во сообраќајна несреќа на крстосница на регионалниот пат Куманово-Свети Николе
Повеќе лица се лесно повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во 22 часот на крстосница на регионалниот пат Куманово-Свети Николе и булеварот „Трета МУБ“, соопштија денеска надлежните институции.
Од кумановската општа болница информираат дека повредените по опсервација се пуштени на домашно лекување.
-Сообраќајната незгода се случила помеѓу патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Ѓ.(21) од Куманово и возило комбе „фолксваген крафтер“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Т.(53) од Свети Николе, по што возилото „форд“ удрило во запрено патничко возило „волво“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.Д.(35) од Куманово. Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачите А.Ѓ. и М.Т. и девет сопатници од возилото „крафтер“, констатирани во болницата во Куманово, информираа денеска од МВР.
Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Куманово.
Од кумановската болница велат дека се примени повеќе лица со телесни повреди.
- Повредените се со лесни повреди. Само еден пациент сомнителен заради повредите компјутерски е сниман и по опсервација е пуштен дома со лесни повреди, изјави директорот на кумановската болница, Стефан Трајановски.
Ново на Сител
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово
-
Во Кисела Вода почнува акција за бесплатно собирање кабаст и електронски отпад
-
Активности на премиерот Мицкоски на Безбедносната конференција во Минхен
-
Тексас го погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени
-
Зеленски: Украина има мали шанси да издржи во војната против Русија без поддршка од САД