Поведена постапка за обид за убиство
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – убиство од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
– Обидот за убиство за кој Обвинителството ја поведе постапката се случил на 2 јули околу 4:30 часот во угостителски објект во село Неготино, полошко. Осомничената, вработена во угостителскиот објект, пред да го изврши делото била вознемирувана од страна на оштетениот – нејзин колега. Откако и по нејзините повици да престане, оштетениот продолжил со дејствијата, таа се упатила кон шанкот, зела нож и му нанела неколку убодни рани во пределот на стомакот, соопшти Јавното обвинителство.
Ценејќи дека се исполнети законските одредби, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Гостивар доставил предлог за определување на мерката притвор за осомничената. Предлогот беше прифатен и на осомничената судот и определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!