-->
-->
Потпишана Декларација против физичко и вербално насилството врз здравствените работници
-->
Декларација против физичко и вербално насилството врз докторите на медицина, стоматолозите, фармацевтите, медицинските сестри, техничари, акушерки и други здравствени работници денеска потпишаа министерот за здравство Арбен Таравари, претседателката на Лекарската комора на Македонија Калина Гривцева Старделова, претседателот на Стоматолошка комора Владо Поповски, претставникот на Фармацевтската комора Ерол Али, како и претседателката на Здружението на медицински сестри, техничари и акушери на Македонија Велка Лукиц.
Во текстот на Деклрацијата се вели дека единстевно безбедна средина во која се даваат здравствени улсуги гарантира сигурна, стручна и квалитетна здравствена заштита за пациентите и дека здравствените работници како и сите останати имаат право на безбедна работна средина.
- Насилството кон здравствените работници мора да биде сериозно сфатено од страна на управителите на сите здравствени установи и со истото мора ефикасно да се справуваме со помош на полицијата и правниот систем. Инцидентите на насилство мора да бидат документирани преку систем кој ќе биде обезбеден од страна на Владата и здравствените установи, стои во Декларацијата.
Зад Декларацијата, како што посочија на потпишувањето, стојат над 20 илјади медицински работници во Македонија.
Потпишувањето на Декларацијата е на 25 години од основањето на Лекарската комора на Македонија. Таа е ратификувана и од членките на ЗЕВА во која членуваат коморите од Централна и Источна Европа, а Лекарската комора на Македонија ја потпишала минатата недела на Конгрес во Љубљана.
Претседателката ЛКМ Гривцева Старделова рече дека почнуваат со информирање на пациентите дека во случај на физички или вербален напад може да одговараат по закон, за што се изработени налепници „Стоп на насилството во здравството“ кои ќе бидат дистрибуирани до сите здравствени установи.
- Во законот за здравствена заштита од 2015 година стои дека сме јавни службеници, меѓутоа за разлика од униформата на полицајците со нашата униформа се бришеше патос. Не поминува месец да не добиеме информација од некои од колегите или сестрите дека е нападнат или физички или вербално. Ние не можеме да ги контролираме ниту сајбер нападите, меѓутоа постојат системски решенија со кои можеме некако да се заштитиме. Долго време чувавме социјален мир. Луѓето имаат право да бидат незадоволни од здравствениот систем, имаме право и ние да бидеме незадоволни, но никој нема право да не тепа, рече Гривцева Старделова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско, приведено едно лице
-
Црвениот крст на РСМ ги повикува македонските граѓани да донираат средства за настраданите во БиХ
-
Нормализиран сообраќајот на патот Струмица - Валандово
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на официјалното отпочнување на надградба и реконструкција на граничниот премин Деве Баир
-
Утре литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан
-
Најмногу дожд наврнат во Пожаране и Лазарополе
-
ЦУК: 2 028 повици изминатото деноноќие, три пожари на отворено
-
Приоритет на Владата е поддршка на македонското земјоделство: Историски највисока цена за грозјето, исплатени заостанати плати и субвенции