Потпишан нов Колективен договор за енергетскиот сектор
Назависниот синдикат на вработените во енергетскиот сектор на Македонија и Здружението за енергетика при Организацијата на работодавачи на Македонија потпишаа нов колективен договор со кој се регулираат правата и обврските на социјалните партнери од оваа област.
Со колективниот договор утврдено е правото на регрес за годишен одмор, надоместоците на плати и унапредени и имплементирани се мерки за заштита и безбедност на работниците.
Двете страни изразија задоволство од потпишувањето на Колективниот договор и најавија дека ќе продолжат да работат на одржување на здрава и продуктивна работна клима во енергетскиот сектор.
- Овој Колективен договор овозможува стабилност за нашите вработени во идниот период, во кој продолжуваме континуирано да го подобруваме квалитетот на услугите и напредуваме кон највисоко ниво на квалитет на услуги, изјави Штефан Петер, претседател на Здружението за енергетика при Организацијата на работодавачи на Македонија.
Претседателот на Независниот синдикат на вработени во енергетскиот сектор Роберт Симоноски оцени дека потпишувањето на Колективниот договор претставува унапредување на работничките права, акт во кој се верификувани, надградени и подобрени работничките права во делот на енергетиката.
Според претседателот на ОРМ, Ангел Димитров посебно треба да се истакне дека со отворен и реален социјален дијалог може да се постигне целта - унапредување и заштита на работничките права и потпишување на колективни договори на национално ниво на ниво на дејности, но и на ниво на работодавач.
Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) е претставник на организациите на вработените од приватниот сектор и се состои од повеќе од 15 индустриски гранки, застапувајќи околу 70.000 вработени во 1.012 компании во приватниот сектор во државата.
Ново на Сител
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ
-
Јавна расправа: Има ли спас за студентските домови во Македонија?
-
Жители на Батинци: Живееме како во контејнер оти Дрисла пушта канцерогена вода во Маркова Река
-
Хирурзи и специјалисти од приватни болници се враќаат во државното здравство