Потпишан меморандум за соработка со Словенија во областа на јавната администрација
Министерот за јавна администрација Горан Минчев и министерот за јавна администрација на Република Словенија, Франк Пропс, денеска потпишаа меморандум за соработка, со кој се зацврстува билатералната соработка и се отвора ново поглавје во размената на искуства и добри практики во областа на јавната администрација.
Министерот Минчев на прес-конференцијата по потпишување на меморандумот истакна дека ова е втор ваков меморандум потпишан со земја од регионот, а прв со земја членка на Европската унија, што, како што посочи, претставува значаен чекор во насока на европската интеграција на земјава.
Потпишан меморандум за соработка со Словенија во областа на јавната администрација
-Нашата визија е создавање модерна, ефикасна и транспарентна јавна администрација која ќе биде во служба на граѓаните и бизнисите. Со потпишувањето на овој меморандум, не само што учиме од успешните словенечки искуства, туку и создаваме основа за заеднички иницијативи кои ќе донесат конкретни подобрувања во јавниот сектор, изјави Минчев.
Како што напомена, меморандумот предвидува заедничка работа на повеќе клучни аспекти - подобрување на управувањето со човечките ресурси, преку примена на најдобрите европски практики за селекција, обука и развој на административниот кадар и зајакнување на професионалниот развој на административните службеници преку заеднички обуки и воведување современи образовни програми.
Потпишан меморандум за соработка со Словенија во областа на јавната администрација
Исто така, меморандумот предвидува поддршка за управувањето со квалитетот во јавната администрација, преку модерни алатки за мерење на перформансите и подобрување на институционалната ефикасност, развој на иновативни дигитални решенија за унапредување на пристапот до јавните услуги и автоматизација на процесите, приближување кон европските стандарди, преку усогласување на правната и институционалната рамка со регулативите на ЕУ, како и следење на реформите и нивна евалуација за подобро планирање и адаптација на политиките според реалните потреби.
Министерот Минчев изрази уверување дека ова партнерство ќе донесе конкретни резултати во модернизацијата на јавната администрација и ќе биде пример за успешна регионална соработка.
Министерот Пропс денеска на прес-конференција ја потврди поддршката на Словенија за реформските процеси во нашата држава.
Тој нагласи дека споделувањето на искуствата од словенечката администрација може да биде од голема корист во спроведувањето на европските реформи.
Како што додаде, овој меморандум претставува важен чекор во процесот на европска интеграција и создавање поефикасна и транспарентна јавна администрација, во корист на граѓаните и економијата на двете земји
Ново на Сител
-
62-ра жртва од пожарот во Кочани, во Белград почина Стојанче Стојанов
-
Женско бебе пони во ЗОО Скопје
-
Четири лица краделе предмети од објект на ЈП Железници со вкупна вредност од околу 1.239.000 денари
-
1507 сообраќајни прекршоци вчера и завчера на територија на цела држава, 259 за брзо возење
-
Приведен насилник од Кичево, со нож нападнал ученици, полициски службеници, обезбедување во болницата
-
Бектеши доби нови 30 дена притвор
-
Стабилно, сончево и топло време во деновите од продолжениот празничен викенд
-
Паркирањето во општина Центар за велигденските празници ќе биде без наплата, освен затворените паркиралишта Дилајла и Трготекстил