Потпишан договор давање по концесијата за белградскиот аеродром на француската компанија "Ванси“
Во присуство на српската премиерка Ана Брнабиќ и министри од нејзината Влада денеска во Белград е потпишан договор за давање под концесија во период од 25 години на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ на француската компанија „Ванси Ерпортс“.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, француската компанија понуди 501 милион евра за концесија на аеродромот, со инвестициска обврска од 732 милиони евра, од кои во српскиот Буџет треба да се слеат 417 милиони евра. Годишната такса од концесијата ќе изнесува од 4,4 до 15,1 милиони евра.
Вкупната номинална вредност на концесијата и инвестицијата во наредните 25 години ќе изнесуваат 1,5 милијарди евра, а по 25 години аеродромот ќе и биде вратен на Србија.
- Не само што овој договор ќе го зголеми бројот на патници, туку од Белград ќе создаде центар за овој дел од Европа. Кога аеродром ќе започне да работи со полн капацитет, благодарение на знаењето на компанијата "Ванси", тој ќе придонесе за економијата и туризмот. Ова не претставува круна на нашиот развој, но тоа е чекор кон модернизација, изјави Брнабиќ на свеченоста на потпишувањето на договорот за концесија.
Понудата на француската компанија беше избрана како најдобра од четирите пријави на меѓународниот тендер, објавени од Владата на Србија и аеродромот „Никола Тесла“.
Договорот за концесија вклучува финансирање, управување со аеродромска инфраструктура, одржување, развој преку изградба и реконструкција и понатамошна модернизација на аеродромот.
Компанијата „Ванси“ стопанисува со 25 аеродроми во седум земји на три континенти. Од аеродромите со кои управува, „Ванси“ оствари вкупен промет од 157 милиони патници, 1,4 милијарди евра приход и раст од 12,4 отсто од вкупниот сообраќај.
„Ванси“ најави дека белградскиот аеродром ќе биде нивното седиште за регионот на Централна и Источна Европа.
Започнување со работа на новоформираната фрима „Ванси Ерпортс Србија“, како оператор на аеродромот, не се очекува пред септември 2018 година. Тогаш треба да биде извршена и исплатата на еднократна провизија за концесијата во износ од 501 милион евра.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК
-
Мицкоски: Нема да има отстапки во позициите за ЕУ перспективата
-
Четвртина од населението во државата не знае дека има дијабет
-
Зголемен бројот на деца со тешкотии при читањето