Балкан
24. October 2016 - 22:01

Потера: Турската полиција во потрага по тројца потенцијални напаѓачи самоубијци на ПКК

Турската полиција е во потрага по тројца терористи на Курдската работничка партија (ПКК), за кои се претпоставува дека подготвуваат самоубиствени напади во Турција, објави турската телевизија НТВ.

Според тврдења на разузнавањето, еден од наводните напаѓачи е странец, идентификуван како Наден Шема.

Интернет страницата на НТВ објави фотографија на две жени и еден маж, за кои се смета дека се тројцата осомничени.

Податоци и фотографии биле испратени до сите полициски станици во земјата.