-->
-->
Постои можност Грција да не ја отвори границата за Македонија на 15 јуни
-->
Не се исклучува можноста границата меѓу Грција и Македонија да не биде отворена на 15 јуни, изјави грчкиот државен министер, Јоргос Герапетрис во интервју за радио „Солун“. Тој посочи дека имале навистина отежнувачки индикатори за тоа, поради зголемениот број случаи на коронавирус кај нас.
- „Би сакал да потсетам дека додека разговараме не е дозволено поврзување со Македонија до 15 јуни, како што не е дозволено ни со Албанија. Ќе биде направена проценка на состојбата, но 90 проценти од одлуката зависи и што ќе одлучи секоја земја за своите граници. Ние ги следиме епидемиолошките податоци. Очигледно ако состојбата продолжи да се влошува ќе бидат продолжени и рестрикциите за пограничниот сообраќај.“ – посочи Герапетрис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз
-
ВМРО-ДПМНЕ: Пуцко Петрол со најголем пораст на приходот во време на СДС и ДУИ
-
Уставен се подготвува за седницата за Законот за јазиците, ДУИ предупредува за политичка криза
-
И да се зголеми минималната плата во Македонија, пак ќе биде најниска во регионот
-
Нелојална конкуренција се жалат медарите
-
Преглед на вестите од светот
-
Нови меѓусебни реакции на релација Софија - Скопје
-
Путин поддржува примирје