Посмртно откриен Ковид-19 кај 53-годишен скопјанец откако завршил неговиот погреб
Посмртно е откриен Ковид-19 кај 53-годишен скопјанец кој починал вчера, семејството го зело од болница и го погребало според сите верски и народни обичаи, без да се почитуваат протоколите за Ковид-19. Отпосле дознале дека посмртниот тест за коронавирус излегол позитивен.
Случајот е потврден од страна на директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова-Бухова. Сите од семејството на починатиот кои биле присутни на погребот ќе бидат тестирани од корона вирус.
Пациентот вчера без витални знаци бил донесен во болница. Обидите за враќање во живот од страна на медицинскиот персонал биле неуспешни. Притоа му бил земен посмртен брис за Ковид-19, кој бил даден на обработка во Институтот за јавно здравје. Семејството го погребало починатиот според сите обичаи, но, денеска од болницата добиле известување дека починатиот бил позитивен на Ковид-19.
Сотирова-Бухова вели дека починатиот бил донесен во болницата без знаци на живот и неколку дена дома бил со тешка клиничка слика.
За погребување на починати од Ковид-19 има посебни протоколи. Посмртните останки се ставаат во лимен сандак и телото не се изложува. На погребите присуствуваат само членови на најтесното семејство и евентуално само едно верско лице.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло