Последната фотографија од фудбалерите пред да се урне авионот
Авион со 72 патника и девет членови на екипажот, со кој патувале и фудбалери на бразилски клуб, се урна во централниот дел на Колумбија, соопшти денеска здружението на колумбиската цивилна авијација.
Засега не се знае бројот на евентуални жртви, но според западните медиуми шестмина бразилски фудбалери ја преживеале авионската несреќа. На местото на несреќата се наоѓаат спасувачки екипи, а преживеаните веднаш биле пренесени во болница.
- Веројатно авионот останал без гориво, изјавил Елкин Оспина, градоначалник на блискиот град Ла Цеха.
Поради лошите временски услови до местото на несреќата може да се стигне само по копнен пат, се наведува на Твитер налогот на аеродромските власти.
Фудбалерите на бразилскиот клуб „Чапокоензе“ требале утре да играат во Меделин против локалниот клуб Атлетико насионал во финалето на Купот на Јужна Америка.
- Ова е огромна трагедија, истакна градоначалникот на Меделин, Федерико Гутирес.
Ново на Сител
-
Трамп на молитвениот појадок: Не можете да бидете среќни без религија, вратете го Бог во вашите животи
-
Статуата на Роналдо откриена на „Тајмс Сквер“ по повод 40-тиот роденден на Португалецот
-
Комисија од тројца судии ќе треба да испита дали имало пропусти во одлуката на судијката за предметот на Васил Јованов
-
„Адвокатот на Васо ќе објави снимка како плаче над мртвото тело, апелирам медиумите да не ја објавуваат“, напиша сестрата на Фросина
-
Дојавите за бомби во хрватските училишта биле испратени од сервер во Африка
-
Членови на семејството на Фросина во Јавното обвинителство биле информирани за текот на постапката и прибраните докази
-
Без струја утре делови од Арачиново, Илинден, Карпош и Сопиште
-
Креативците од ООУ „Гоце Делчев“ - Центар ги насликаа културните наследства во општината