Посебен сообраќаен режим за натпреварот Вардар - Фрнербахче
Посебен сообраќаен режим најавува Секторот за внатрешни работи за вечерашниот натпревар Вардар - Фрнербахче што ќе се одигра на националната арена „Филип Втори Македонски” од 20 часот.
Од 14 часот часот ќе биде затворен за сообраќај дел од улицата „Аминта III“, на потегот од крстосницата со „Јордан Хаџиконстантинов Џинот“ до фудалскиот стадион. На стадионот ќе се пропуштаат само возила со посебни пропусници.
Попладне ќе се преземаат мерки за расчистување и дислоцирање на затекнатите возила на соораќајниците и на паркинг просторите околу стадионот.
Полицијата апелира сите учесници во соораќајот да ги почитуваат соораќајните правила и прописи, а доколку дојдат на натпреварот со возила, за паркирање да ги користат околните дозволени паркинг простори.
Ново на Сител
-
Поплавени куќи и улици во Тетово
-
Од детство во војна до пензија во независна држава | Атанас Костовски | Sitel Podcast 061
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора