Португалија го скрати времето на изолација од десет на седум дена
Португалските здравствени власти го скратуваат задолжителниот период на изолација на лицата заразени со Ковид-19 од 10 на седум дена доколку не покажат симптоми на болеста.
Регионот Мадеира, архипелаг во Атлантскиот Океан, дополнително го скрати задолжителниот период на изолација на пет дена, пишува португалскиот дневен весник „Диарио де Нотисиас”.
Во Португалија расте бројот на заразени луѓе, а Омикрон, кој брзо се шири, стана доминантен сој, и покрај тоа што земјата има една од највисоките стапки на вакцинација во светот, каде 87 отсто од 10-те милиони жители примиле најмалку две дози.
Денеска се пријавени рекорден број од 28.659 нови инфекции и 16 смртни случаи на пациенти со Ковид-19.
И покрај ширењето на инфекцијата, во болниците има помалку пациенти во споредба со претходните бранови на пандемијата, особено во одделенијата за интензивна нега.
Ново на Сител
-
Мајмунски сипаници во Косово - Мали се шансите за пренес во Македонија
-
Тема на денот со Злате Мехмедовиќ
-
Тошковски изненаден што нема притвор за екс директорот на ЕСМ
-
Мицкоски: Обвинителството да открие зошто сум бил следен
-
СДСМ бара оставка од членката на антикорупциска Данка Ристовска поради судир на интереси
-
Тошковски: Не е утврдена вина кај полицаецот од Куманово кој го симна албанското знаме
-
Што сработе МВР во 2024
-
На вонредна седница на Влада ќе ги замрзнеме цените ако има нагло поскапување, рече Дурмиши