Портпаролот на Белата куќа се извини поради гафот поврзан со Холокаустот
Портпаролот на Белата куќа, Шон Спајсер се извини за коментарот за Башар ал Асад, во кој тој ги спомена Хитлер и Холокаустот, но неговите зборови звучеа како да ги омаловажува злосторствата на нацистичкиот режим.
- Искрено признавам дека е грешка тоа што дадов еден несоодветен и бесчувствителен коментар во врска со Холокаустот, изјави Спајсер и додаде дека се извинува поради тоа што си дозволил гаф.
Лидерот на демократите во Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Нанси Пелоси изјави дека Спајсер треба да биде разрешен и претседателот Доналд Трамп треба итно да се огради од неговите зборови.
Спајсер кажа гаф додека говореше за хемискиот напад во Сирија, за кој Западот тврди дека е дело на режимот на Асад. Тој го нарече Асад полош од Хитлер и изјави дека дури и таков ужасен човек како Хитлер не користел хемиско оружје против својот народ. Тој ова го изјави на прес-конференција, а на барање на новинарка да ја појасни изјавата Спајсер рече дека Хитлер не користел таков гас врз сопствениот народ на ист начин како Асад.
Нацистите убија шест милиони евреи за време на Втората светска војна. Голем број евреи и други лица беа убиени во гасни комори во концентрационите логори на нацистичкиот режим.
Ново на Сител
-
Опозицијата обвинува за селективна истрага, власта вели одговорноста ќе има име и презиме
-
Посебен сообраќаен режим
-
Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства
-
Поддршка од Израел
-
Боре Видевски негира дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче
-
Муртезани: Пристигнаа првите 52,4 милиони евра од инструментот за реформи и раст од ЕУ
-
Две лица убиени во пукотници во Волково
-
Четири пациенти во критична состојба