-->
-->
Поранешниот лидер на Фронтот ал Нусра убиен кај Алепо
-->
Високиот воен командант на милитантната група „Џабат Фатех ал Шам“, некогашен огранок на Ал Каеда во Сирија, е убиен во воздушен напад во близина на градот Алепо, изјавија два извора на бунтовниците, јави Танјуг.
Тие истакнаа дека командантот, чиј псевдоним е Абу Омар Саракеб, загинал во воздушен напад, чија цел бил состанокот на лидерот на таа група.
Засега не е познато, кои земји стојат зад нападот.
Според непотврдени информации неколкумина високи функционери на таа групација загинале или се ранети.
Фронтот ал Нусра објави во јули дека ќе го прекине својот однос со Ал Каеда.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска Давкова: Еднаквост и недискриминација, секој е еднаков пред законот
-
Сијарто: Унгарија и Северна Македонија го поддржуваат мирот во Украина што може да се постигне само со американско-руски договор
-
Македонија и Унгарија потпишаа акциски план за размена на експертиза од страна на Унгарската дипломатска академија за јавни службеници
-
Кривична против двајца прилепчани за дрвокрадство
-
Кривична за директорка на училиште, самата се назначувала за ментор на приправници и се стекнала со 303.360 денари
-
21 годишна скопјанка била физички нападната од својата сосетка
-
Владината делегација предводена од премиерот Мицкоски пристигна во Унгарија
-
Откопан гробот на Зоки Фаци | ФОТО