Поранешната премиерка на Тајланд, Шинаватра, ќе биде обвинета за негрижа за потрошени 7 милијарди долари
Поранешната тајланска премиерка Јинглук Шинаватра ќе биде обвинета за негрижа за потрошени седум милијарди долари. Оваа сума е дел од потрошените 24 милијарди долари од државните фондови за субвенции на производителите и трговците со ориз, а Шинаватра ќе биде обвинета за тоа што не ги спречила малверзациите со парите од специјалниот фонд за ориз.
Наодите за наводната вина на Шинаватра за некои весници денеска ги соопштиле извори о тајландското министерство за финансии, во чии рамки работи специјална комисија за овој случај, именувана од сегашниот премиер Прајут Кан-ока. Комисијата тврди дека на голем број оризопроизвоители им биле плаќани субвенции за откуп на ориз над пазарните цени. Шнаватра, според овие тврдења, одобрувала и попусти во меѓудржавни договори за продажба на тајландски ориз, а се смета за виновна и за тоа дека не реагирала на укажувањата за нечесни зделки од страна на државната комисија за антикорупцијата.
Субвенциоирањето на производството и продажбата на ориз во Тајланд за времето на владеењето на премиерката, сменета со воен удар во мај 2.014 година, беше еден од најпопуларните потези на Јинглук Шинаватра. Во Тајланд нагло се зголемија површините за производство на ориз, но поради падот на цените на оризот, кој е основен прехранбен производ во Азија, шемата за сбвенционирање предизвика големи загуби.
До сега Јинглук Шинаватра не е обвинета дека од шемата за субвенционирање на оризот имала лична корист. Ако сегашното судство ги прифати наодите на специјалната комисија, таа може да биде осудена да компензира дел од штетата.
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања