Поранешна соработничка на Хилари Клинтон обвини американски сенатор дека сексуално ја нападнал
– Поранешната блиска соработничка на Хилари Клинтон, Хума Абедин, во своите мемоари напиша дека била сексуално нападната од американски сенатор.
Абедин во книгата наведува дека неименуван политичар ја нападнал во средината на 2000-тите откако ја поканил во неговата куќа, каде се обидел да ја бакне, а таа го одбила и побегнала, пренесува Гардијан.
Според британскиот весник, ова тврдење е детално опишано во нејзината нова книга „Both / And: A Life in Many Worlds“, која ќе биде објавена следната недела. Книгата опишува сексуален напад додека таа зборува за нејзината работа за Хилари Клинтон, кога таа беше американски сенатор за Њујорк, меѓу 2001 и 2009 година, а Абедин, која сега има 45 години, не го открива идентитетот на сенаторот, ниту неговата партија.
Таа во книгата го опишува и нејзиниот гнев кон нејзиниот поранешен сопруг, поранешниот њујоршки конгресмен Ентони Вајнер, чија кариера е уништена од секс скандали.
Абедин беше една од најдоверливите соработници на Хилари Клинтон, која беше американски државен секретар во администрацијата на Обама, и која еднаш ја опиша како нејзината „втора ќерка“.
Ново на Сител
-
Беџети контра Ахмети: ДУИ не е за бојкот на изборите
-
ВМРО-ДПМНЕ до Пендаровски – Ако не може да помогне, да не и одмага на Македонија
-
Јанев: Контроли има, недостасува сообраќајна култура
-
Голема симулациска вежба на Скопскиот аеродром
-
Бизнис конфедерацијата на Македонија нуди излез од лавиринтот на минималната плата
-
Земјоделците се жалат, УЈП испраќа опомени, но не ги исполнува своите обврски
-
Oрганизиран превоз во општините за ученици
-
Детектор: Жените ги рушат бариерите