-->
-->
Поради снежна бура во источните делови на САД затворени училиштата и откажани летови
-->
Снежна бура денеска ги зафати источните делови на САД, затворајќи ги училиштата и канцелариите на федералната влада, додека воздушниот сообраќај е во прекин два дена. Поради невремето затворен е и главниот автопат во Вирџинија.
Предупредувањата за снежна бура беа во сила до пладне во областа од Вашингтон до Мејн, соопшти Националната метеоролошка служба.
Во делови од Кентаки, Вирџинија, Пенсилванија, Њујорк и Мериленд паднаа 15-20 сантиметри снег.
До денеска, повеќе од 400 летови беа одложени или откажани од аеродромите во Њујорк, Бостон и Вашингтон, според Flightaware.com.
Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи, прогласи вонредна состојба во неговата држава и ги повика жителите да избегнуваат патувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Јован Деспотовски
-
ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ДУИ и СДСМ го уништуваат здравството и во последните денови од владеењето
-
Продолжуваат преговорите за влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди, учеството на Знам неизвесно
-
СДСМ се подготвува за нов лидер
-
Нов хаос на Клинички, цела ноќ ќе нема вода - операции не се прават и во кумановската болница
-
ФЕД нема да ги намали каматите, ЕЦБ ќе почне од следниот месец
-
Холанѓаните пристигнуваат - Охридскиот аеродром раздвижен
-
ЦУК со иницијатива до Град Скопје