Поради навредата кон лицата со посебни потреби, јавноста бара одземање на лиценцата на психологот
Навредлив коментар на член на Комората на психолози објавен на Фејсбук предизвика лавина реакции на социјалната мрежа. Комората јавно го осуди и се огради од коментарот на својот член Јове Хаџиевски, кој објави фотографија на премиерот Зоран Заев со лицата со инвалидитет и со попреченост коментирајќи дека ,,премиерот конечно е во друштво со интелектуално рамноправни на себе”.
Комората на психолози веднаш го осуди ваквиот став и најави дека ќе свикаат итна седница на која ќе бидат преземени соодветни мерки за нивниот член.
,,Комората на психолози остро го осудува и се оградува од невредливи и дискриминирачки ставови објавени на приватен профил на Фејсбук од страна на член на Комората. Управниот одбор на Комората на психолози свика итна седница на која ќе се дискутира за овој настан и ќе се преземат соодветни мерки согласно Етичкиот кодекс на психолозите”, се вели во реакцијата објавена на Фејсбук.
Хаџиевски е претседател на Интернационалниот Гешталт институт во Македонија. Откако негата објава наиде на бројни реакции и осуди, тој се извини на социјалната мрежа.
,,Им се извинувам на сите оние кои несакајќи го засегнав со користење на погрешниот контекст”, напиша тој.
Но, револтираните граѓани му порачаа : ,,Лицата со посебни потреби се тука за да ги сакаме и почитуваме различностите и да се инклузираме во едно општество. Вие и таквите како вас се тука за да сфатиме какви луѓе не треба да бидеме. Очигледно сте немале поим со кои родители се замеривте. Срам да ви е!”
Подоцна на социјалните мрежи зачестија барањата да му се одземе лиценцата.
„Да му се одземе лиценцата на овој човек, срамно е да се нарекува псиголог“, се дел од реакциите на граѓаните кои бараат да се преземат мерки за ваквото однесување.
Ново на Сител
-
Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
-
Бројот на загинатите во Либан од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хезболах е над три илјади
-
Дала воена информација на Русија: Украинка осудена на 15 години затвор под обвинение за предавство
-
Совет за безбедност: Состојбата во земјата е стабилна, надлежните институции редовно ги следат состојбите во државата
-
71-годишен маж од Делчево нападнал дете
-
Скопјанка нападната во казино во Шутка
-
Баба и млад скопјанец се судриле со автомобилите, па физички се пресметале
-
Горан Весиќ најави оставка од функцијата министер за градежништво на Србија