Поради дојавите за бомби доцнеше почетокот на рочиштето на Мухамед Зеќири
Дојавите за бомби кои денеска ги добиле повеќе скопски училишта го одложија за без малку половина час рочиштето за поранешниот генсек на Владата, Мухамед Зеќири.
Обвинителката за гонење организиран криминал и корупција, Катерина Коларевиќ доцнеше на судењето поради тоа што училиштето во кое учи нејзиното дете добило дојава за бомба.
Зеќири е обвинет за злоупотреба во Генералниот секретаријат во Владата. Обвинителството за борба против организиран криминал и корупција го сомничи дека незаконски присвоиле 145.400 евра.
Во периодот од април 2021 до јануари 2022, како генерален секретар на Владата, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице, во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити
-
Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија
-
На ГП "Ќафасан" албанската полиција спречи шверц на лекови
-
Помина интерпелацијата за Даути во Собранието
-
Над девет милиони шверцувани цигари откриени на атинското пристаниште Пиреас
-
Безживотно женско тело извадено од водите на Вардар
-
Захарова: Зеленски се покажа како крволочно чудовиште
-
Кремљ: Путин е подготвен за разговори со Трамп