-->
-->
Поради дојава за бомба, пренасочен авион на „Виз ер“ кој летал од Белград до Базел
-->
Авионот од компанијата „Wizz air“ од Белград до Базел бил пренасочен и слетал на аеродромот во Фридрихсхафен, во германската сојузна покраина Баден-Виртемберг, дознава N1.
На веб-страницата на белградскиот аеродром пишува дека авионот Ербас 321 полетал за Базел во 12:47 часот, додека на сајтот на аеродромот во Базел е наведено дека авионот бил „пренасочен“.
За време на летот, патниците добиле информација од капетанот Илија Селаковиќ дека добиле дојава за поставена бомба во Базел.
Патниците од Белград кои полетаа од аеродромот Никола Тесла безбедно слетаа на алтернативен аеродром кој се наоѓа на околу 150 километри од Базел.
Како што е кажано за N1, „Wizz air“ обезбедил автобуски превоз до аеродромот во Базел.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Едно лице загина во експлозија во станбена зграда во Москва
-
Доделени 67. Греми награди – доминацијата на Бијонсе продолжува
-
Повеќе од 200 земјотреси на Санторини
-
Трамп ќе воведе царини за европските стоки „многу скоро“
-
Најтопло утрово во Гевгелија, најстудено во Берово и Попова Шапка
-
Идентификувани телата на 55 загинати во сударот на патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон
-
Путин: Трамп многу брзо ќе го врати редот
-
Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче