Поповиќ: Руските експерти прелиминарно ја одобрија првата фаза на производство на Спутник V во Србија
Делегацијата на руски експерти го одобри на институтот Торлак во Белград почетокот на првата фаза на производство на руската вакцина против коронавирусот Спутник V, изјави денеска министерот задолжен за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ, додавајќи дека производството може да започне за два или два три месеци, јави дописникот на МИА од Белград.
Поповиќ изјави дека делегацијата, во која се претставници на Министерството за индустрија, Фондот за директни инвестиции и Руската агенција за лекови, е задоволна од она што го видела во Торлак, соопштија од неговиот кабинет.
– Првата фаза е прелиминарно одобрена и таа можност постои за два или три месеци, со мали измени. За неколку дена ќе добиеме писмен извештај, кажа Поповиќ, кој со тимот на руски експерти ја посети лабораторијата во Торлак.
Тој прецизираше дека првата фаза на производството вклучува транспорт на супстанцијата од Русија, полнење на ампули на Торлак и пакување и дистрибуција на вакцината во Србија и во регионот.
Поповиќ кажа дека во следните 10 или 15 дена, во Србија ќе дојде друга група експерти од Русија за да ги утврдат можностите за втората фаза на производство, односно целосниот циклус на производство во Торлак.
– Што се однесува до втората фаза, потребни ни се уште неколку посети со цел да имаме целосни технички информации за тоа што е потребно, но според прелиминарните информации и заклучоците на рускиот тим, таа фаза е многу можна, кажа Поповиќ.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник