Македонија
25. March 2017 - 9:41

Попоски го посети принципатот Лихтенштајн

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски престојуваше во работна посета на Принципатот Лихтенштајн.

МНР соопшти дека за време на посетата, тој се сретнал со министерот за надворешни работи, образование и култура, Аурелија Фрик, како и со принцот Алојс.

На средбите се разговарало за мултилатералната соработка, ефектите врз економиите и политичката интеграција во ЕФТА членките и за состојбата во балканските земји по одлуката за излез на Обединетото Кралство од ЕУ, како и за ризиците од мигрантската криза и заканите од радикализам и тероризам во глобални рамки.