Пополнети викендиците во Дојран за првомајскиот викенд
За продолжениот првомајски викенд, покрај локалните жители, во Дојран ќе престојуваат околу 3.000 сопственици на викендици и нивни гости кои во одморалиштето пристигнаа уште вчера попладне и во текот на претпладневните часови денеска, изјави дојранскиот градоначалник Анго Ангов.
Според негова проценка, околу 75 до 80 отсто од викендиците во Дојран имаат гости кои овој пат за разлика од претходниот Велигденски викенд ги почитувале препораките да седат во дворовите и да одржуваат социјална дистанца од причина што токму миграцијата од место во место е една од опасностите за ширење на корона вирусот.
Тој нагласи дека за разлика од Велигден денеска од страна на гостите се почитува забраната за употреба на рекреативната патека покрај езерото како и за употреба на детските игралишта.
-Чувството на одговорност кај гостите, за своето и здравјето на другите денеска е на многу повисоко ниво и апелирам до нив достоинствено за време на престојот во Дојран да ги почитуваат мерките за заштита од инфецирање со Ковид-19 и празничните денови да ги минат во кргот на своите најблиски, рече Ангов.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта