Поплави во североисточна БиХ, стотици објекти под вода
Стотици згради се поплавени од вчера попладне откако неколку реки се излеаја во североисточна Босна, а на жителите нови проблеми им предизвикуваат врнежите што се очекуваат денеска.
Најлоша е состојбата во општина Челиќ каде се поплавени околу 200 семејни куќи и други објекти.
Обилните врнежи доведоа до излевање на реката Шибошница и други водотеци кои го претворија центарот на градот во езеро.
Локалните медиуми јавуваат дека се урнале неколку земјоделски објекти, а поплавите однеле и неколку автомобили.
Властите прогласија состојба на природна катастрофа.
Обилните врнежи од дожд и порои предизвикаа големи штети и во општина Сребреник, каде што се поплавени голем број објекти.
Поплавени се големи земјоделски површини во Зворник во источна БиХ, соопштија локалните власти.
Ново на Сител
-
Пронајдено е исчезнатото момче од неготинско Тремник
-
Приведен 28-годишник, при претрес во неговиот дом најдена е дрога
-
Пет лица повредени во сообраќајка кај месноста Стамерски Преод, Делчевско, сообраќајот во прекин
-
Под истрага десет полициски службеници, за седум се бара притвор, тројца веќе се обезбедени со претходна постапка
-
Предлог притвор за директорот на Геријатрија и уште едно лице за барање поткуп од 100.000 евра
-
ФИФА ја казни Фудбалската федерација на Албанија
-
Лекарите одлучиле да не се оперира пациентот кој почина на Кардиохирургија, вели Таравари
-
Трамп најави дека утре ќе присуствува на трговските преговори со Јапонија